Loading Video...
Ракомет
8. March 2018 - 12:12

Официјално, Скопје домаќин на „Ф-4“ во ракометната СЕХА лига

Официјално Скопје домаќин на „фајнал-форот“ во ракометната СЕХА лига 
 
Завршницата на седмото издание на регионалната ракометна СЕХА лига и официјално ќе се одигра во Скопје. 
 
Раководството на ова натпреварување потврди дека главниот градна Македонија, ќе биде домаќин на Ф4 турнирот, кој ќе се игра од 13 до 15 април.
 
Покрај актуелниот шампион македонски Вардар настап на завршниот турнир, обезбедија хрватскиот првак ППД Загреб, словенечки Цеље и Мешков Брест од Белорусија. 
 
Единствената дилема која ќе биде разрешена во последните две кола, е кои ќе бидат полуфиналните парови. 
 
Вардарци како прворангиран тим ќе играат со четврто пласираната екипа, а разликата меѓу трите останати тима е само три бодови (Загреб 34, Цеље 32, Мешков 31).