Македонија
30. January 2023 - 16:34

Односите со Бугарија и уставните измени најголем предизвик за Владата

Европскиот проект е најважен за иднината на државата.Отворени се можности за члентво во ЕУ и потребни се правилни одлуки - на една година од владеењето Ковачевски повика на национално обединување за смена на Уставот. Иако заладените односи со Софија го доведуваат во прашање и интегративниот пат на Македонија , премиерот е оптимист дека со дијалог ќе биде спречена ескалација во односите. Како дел од конференцијата „Година на нови можности“, Ковачевски уверува дека државата нема да дозволи да бидат загрозени националните интереси за време чествувањето на Делчев.

Вицепремиерот Маричиќ не ги гледал како закана најавите на официјална Софија дека по последните инциденти може повторно да биде активирано бугарското вето. За Македонија било клучно да продолжи со започнатиот скрининг и да ги заврши уставните измени.

За помалку од еден месец истекува и рокот во кој бугарските здруженија ќе мораат да ги променат своите називи согласно законот кој го донесе македонското собраниет. Министерот Тупанчевски се уште не добил никакво известување од здруженијата, ниту пак најава за промена на називите.

Опозицијата пак реагира дека власта организира Панаѓур, СДСМ и ДУИ ја втурнале државата во енергетска, економско-инфлаторна криза, па се фалат со невидливи автопати и железници.

Иако премиерот вели дека речиси во целост се исполнети капиталните инвестиции, предизвиците со енергетската криза, високиот степен на ннфлација и растот на платите и пензиите остануваа главни проблеми за кабинетот на Ковачевски. На годишната конференција поделена во осум панели министрите рефереираат што реализирале од програмите и што ќе биде следно во фокусот на активности.