Македонија
24. September 2020 - 12:32

Одложено рочиштето за тужбата на Заев против Николовски

Почна судењето за тужбата на премиерот против потпретседателот на опозицијата за клевета. Но двајцата политичари не се соочија во судница. Столчето на Заев остана празно. На судењето присуствуваше неговиот адвокат.

За Николовски оваа тужба е апсурд.

Тужениот побара доказите да му бидат доставени во целост. Побара да ја дополни и својата листа со докази.

За да може двете стани да се запознаат со доказите, рочиштето е закажано за 20 ноември.

Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август лани, во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Заев како отштета бара 60.000 денари.

Лани и братот на премиероt, Вице заев го тужеше Николовски за клевета, а судот пресуди во корист на тужителот.