Loading Video...
Ракомет
13. March 2020 - 16:08

Одложени сите ракометни натпреварувања

Иако до утринава ракометарите беа единствени кои му  пркосеа на Корона вирусот, сепак денеска и дефинитивно се прекинуваат дуелите во Лигата на шампионите и регионалната СЕХА лига, во која тимот на Мешков Брест е вториот патник на фајна-форот 
 
Белорускиот шампион Мешков Брест  и по втор пат беше подобар од Мотор Запорожје во дуелите од четввртфиналето. По домашната победа 30-28, синоќа белорускиот тим славеше триумф и на гостински тересн со 33-28, со што си обезбеди место на заврницата во Задар. 
 
А, таму веќе се пласира и хрватскиот првак ППД Загреб кој во двата меча беше подобар од Татран Прешов. 
 
Кои ќе бидат другите два полуфиналисти, кои ќе им се приклучат на Мешков и Загреб, останува да се види, но наместо викендов за кога беа закажани реванш дуелите, СЕХА раководството реши истите да се одложат. 
 
Инаку во нив требаше да играат Веспрем и Војводина меч во кој унгарците имаа предност од 31-26 по првиот меч, а во СЦ „Јане Сандански“ актуелен СЕХА шампион Вардар ќе ја брани предноста од од еден гол (31-30) во дуелот со Нексе остварена во Хрватска.
 
Воедно Вардарци ќе имаат и подолг период за подготовки за осминафиналниот меч од Лигата на шампионите против ПИК Сегед. Ова откако раководството на ЕХФ денеска реши до 12 април да ги одложи сите натпревари. Потсетување дека  според календарот Вардар првиот меч со унгарскиот тим требаше да го игра на 22 март во Скопје.