Loading Video...
Фудбал
14. February 2021 - 17:59

Одложени сите натпревари од ПМФЛ

Иако вчера, а по двомесечна пауза, се одигра првиот меч од продолжението на домашното фудбалско првенство, сепак денеска нема фудбалски натпревари. 
 
Фудбалските на Академија Пандев и Работнички вчера го одиграа првиот натпревар од продолжението на Првата македонска фудбалска лига, но иако за денеска беа закажани преостанатите пет натпревари од 19.коло сепак тие не се играа. 
 
Обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, и немашето адекватни услови да се одиграат овие средби се причината поради Комисијата за натпревари на ФФМ реши одвие натпревари да ги одложи за следниот викенд.