Loading Video...
Спорт плус
31. July 2020 - 15:56

Одложен „Илинденскиот куп“ - малиот маратон во Охрид

Иако требаше да биде првиот организиран спортски настан во ерата на Ковид-19 пандемијата, сепак „Илинденскиот куп“ или малиот маратон во Охрид нема да се одржи.
 
Како што информираа од Општина Охрид, малиот маратон кој традиционално се одржува на Илинден е одложен. 
 
„Поради зголемениот број на туристи во Охрид и специфичните состојби за почитување на протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот, 41-то издание на Илинденскиот мал пливачки маратон е одложено и нема да се одржи на 2-ри август, како што беше претходно најавено.  Овогодинешното маратонско издание ќе се одржи во некој од наредните викенди во месец август, а точниот термин за одржување ќе биде дополнително соопштен“, стои во информацијата објавена на официјалната веб страна на Општина Охрид.