Loading Video...
Кошарка
13. January 2021 - 16:08

Одложен дуелот Реал Мадрид - Црвена звезда

 
Натпреварот од 19.коло во кошаркарската Евролига, меѓу  Реал и Црвена звезда е одложен бидејќи црвено-белите не можеа да отпатуваат за Мадрид поради снежното невреме кое го зафати шпанскиот главен град. 
 
На четири од петте натпревари што беа одиграни вчера победи забележаа домаќините. 
 
Најнеизвесниот натпревар се одигра во Тел Авив каде Олимпијакос по продолжение го победи Макаби со 89-87 откако регуларниот дел заврши нерешено  73-73. 
 
Предноста на домашниот терен ја искористија и турските претставници Анадолу Ефес и Фенербахче кои во Истанбул беа подобри од Алба (84-76) и Басконија (96-76), како и Олимпија Милано која славеше над Валенсија. 
 
Честа на гостите ја спаси Барселона која во Москва го победи Химки со 87-75.
 
Денеска на програмата се три  натпревари од оваа рунда.
 
18:00  ЦСКА МОСКВА - ЖAЛГИРИС 
19:30  БАЕРН МИНХЕН - ЗЕНИТ 
20:00  ПАНАТИНАИКОС - ЛИОН ВИЛЕРБАН