Македонија
16. December 2016 - 8:33

Одбележување јубилеј од почетоците на нуклеарната медицина во Македонија

Сто години од раѓањето на академик Исак С. Таџер и 60 години од почетоците на нуклеарната медицина во Македонија ќе бидат одбележани денеска на свечен собир во Македонската академија на науките и уметностите.

МАНУ го организира настанот во соработка со  Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Здружението за нуклеарна медицина на Македонија и Македонското лекарско друштво.

Како што најави МАНУ, собирот ќе го отвори претседателот на Академијата Таки Фити, а поздравни обраќања ќе имаат ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, Франческо Џамарил, претставник на Европската асоцијација за нуклеарна медицина, и Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво. 

Ќе биде одржано предавање „Животот и делото на академик Исак Таџер, основоположник на нуклеарната медицина во Македонија“ од проф. д-р Борислав Каранфилски и промоција на монографијата „Нуклеарната медицина во Македонија“.