Одбележана 16-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
Со низа чествувања одбележана 16 годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски. Членови на семејството, роднини и пријатели, но и голем број граѓани го посетија неговото вечно почивалиште и положија венци со свежо цвеќе. Со положување венци, почит на претседателот Трајковски му оддадоа и неколку владини делегации кои го посетија неговиот гроб и спомен обележјата. На Трјаковски, неговиот лик и дело денеска се сеќаваше и родната Струмица. Пред споменикот Македонија кој беше подигнат во негова чест присуствуваа членови на семејството, локалната самоуправа, претставници од политичките партии и повеќе институции .
Во чест на Борис Трајковски унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во градскиот парк во Струмица по 15- ти пат засади дрвце за сеќавање. На свој начин почит на Трајковски секоја година му оддаваат и планинарите кои во негова чест пешачат од Струмица до Скопје. Тие денеска беа дел од чествувањто кое се одржа на неговиот гроб.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар