Македонија
2. јуни 2020 - 14:50

Од вербална расправија до убоди со нож извршени од страна на малолетник

На 01.06.2020 околу 19.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, по вербална расправија, 17-годишник од Штип со нож му нанел повреди на Н.А.(19) од Штип. Н.А. бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Малолетникот бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.