Македонија
19. јуни 2021 - 16:42

Од утринава во Грција се влегува со брз тест и без тестирање за децата под 12 години

Грција ја почна примената на новите, олеснaти протоколи за влез во нивната држава.

Од денеска кај јужниот сосед  освен со негативен ПЦР тест, сертификат за примени две дози вакцина или прележан Ковид може да се патува и со негативен брз тест не постар од 48 часа.

Олеснување има и за децата, па така за тие до 12 години тестот не е потребен, додека поголемите  од 12 години мора да имаат или ПЦР или брз тест. ПЛФ документот останува задолжителен.

И покрај олеснaтите протоколи на граничниот премин Богородица денеска не е регистрирана некоја поголема фреквенција на македонски државјани во однос на вчера. Најверојатно поради тоа што официјалната примена на новите протоколи започна после 10 часот.

За разлика од вчера кога кон плажите во Грција се упатија над 2100 македонски државјани, во  статистиката на  ГП Богородица стои дека денес нивниот број e помал и изнесува 1500.