Loading Video...
Кошарка
21. September 2022 - 16:08

Од ТФТ порачуваат: Се е подготвено за турнирот во ФИБА Лигата на шампиони, атакуваме на добар резултат

Во СЦ Борис Трајковски во Скопје, се игра еден од повеќето квалификациски турнири за влез во главната фаза на фибината Лига на шампиони. 
 
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, скопската екипа ТФТ е домаќин на овој турнир. 
 
Тимот ос скопската населба Тафталиџе за противник во четвртфиналната рунда го има германскиот тим Кемниц „Најнерс“ во кој асистент тренер е Ѓорѓи Кочов поранешниот тренер на МЗТ Скопје. 
 
Натпреварот меѓу ТФТ Скопје и Кемниц ќе започне од 21 часот. Подобриот од овој натпревар во полуфиналето закажано за во петок ќе игра против швајцарскиот тим Фрибург Олимпик,
 
Во приот натпревар од денешната четвртфинална програма ќе играат англискиот Лестер и романскиот Волунтари, а победникот во полуфиналето оди на мегдан на турскиот Тофаш.