Македонија
4. April 2020 - 14:32

Од понеделник трансфузиологија во Охрид продолжува со работа, нема позитивни на вирусот

Понеделник  ќе започне со работа одделението за трансфузиологија во Охрид .Тестовите на медицинските лица се негативни на коронавирус.На една од вработените кај која постоело сомневање за можна изложеност на вирусот откако пациент заболен од Ковид 19  бил да подигне терапија направени и биле три дополнителни тестови и сте биле негативни.

Одделението е под клуч речиси три недели а целиот персонал беше во домашна изолација.

Во Струга пак направена е епидемиолошка анкета на медицинските лица од интерно,дневна амбуланта и ренген кои бил во контакт со заболени пациенти но истите немале никакви симптоми.

Директорот на струшката болница Аслани вели дека негативни биле и тестовите на трудниците од критичните региони во струшко.

Инаку од понеделник до сабота на 10 до 15 граѓани од Охрид и Струга дневно им се земаат брисеви за тестирање од корона вирусот во Центарот за јавно здравје од страна на  екипи максимално заштитени и во посебна просторија.