Loading Video...
Свет
1. August 2020 - 19:34

Од октомври масовното вакцинирање против коронавирусот во Русија

Масовното вакцинирање против корона вирусот во Русија ќе почне во периодот од октомври, соопштија здравствените власти. Вакцината направена и тестирана во државниот институт за истражување Галамеј треба да биде регистрирана наредниве недели. Паралено клинички се тестира уште една вакцина во лабораторијата за заразни болести Вектор, во Новосибирск. Се планира производство на околу 70 милиони дози, а во првиот бран на имунизиација ќе бидат опфатени медицинскиот персонал и наставниот кадар.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ке ја забрани апликацијата Тик-Ток која е во сопственсот на кинеска интернет компанија поради безбедносни прични. Разузнавачките служби изразија загриженост дека кинезите ја злоупотребуваат апликацијата за собирање на личните порадоци на американските корисници. Од компанијата БајтДенс која го поседува Тик-Ток ги отфрлија ваквите обвинувања. Оваа апликација месечно има 800 милиони активни корисници во целиот свет, најмногу во САД и во Индија, која веќе ги забрани сите кинески апликации вклучувајки го и Тик Ток. 

Седумнаесетгодишниот Греем Кларк од Тампа, Флорида, е обвинет за хакирање на Твитер профилите на најбогатите луѓе на светот Џеф Безос, Илон Маск и Бил Гејтс.

Кларк се сомничи дека сакал да преку кражба на индентот на познатите личности да ги наведе жртвите да му праќаат биткоини на негова сметка. Обвинителството соопшти дека само во еден ден на сметката му биле префрлнеи биткоини во вредност од 100.000 доалри.

Покрај Кларк се уапени уште две лица, Британец и Американец, на возраст од по дваесетина години исто така членови на хакерската група чии шртви биле не само бизнисмени туку и политичари, како Обама и Бајден.