Македонија
19. March 2023 - 21:16

Од некогаш 30 воденици во Вевчани остана уште само една

Воденичарството како занает во изумирање. Од некогашните 30 на број распослани на вевчанските извори под падините на Јабланица денес фунционира само една која повеќе е туристичка атракција.
 
Работата на воденичарите им ја презедоа модерните мелници, а и се помалку луѓето во селата садат жито и пченка.
 
Водениците во минатото биле главна економска гранка, но за жал денес сликата е сосема поинаква и онаа која моментално работи нема потомци да ја наследат. 
 
Последната воденица сеуште и пркоси на модерното време. Единствената која сеуште опстојува во Вевчани меле на камен и произведува оригинално пченкарно брашно.