Македонија
21. October 2019 - 17:11

Од МОН само опомена - се чека санкцијата од инспекторатот за директорот на гостиварското училиште

Ученичкиот поздрав е знак на благодарност кон Турција за донации за училиштето- по 5 дена со вакво оправдување  во јавноста излезе директорот на училиштето, пред кое основците упатија војничи поздрав. Тој тврди дека не му била целта,  децата да ги користи за политички цели.

Во целост се неосновани наодите во медиумите за наводна злоупотреба на деца за политички цели, односно политичко организирање и дејствување.Настанот и произлезената слика од истиот претставува изјава за благодарност  на учениците и вработените за донација ос страна на Република Турција, за износ од 1 милион евра за целосна реконструкција на централното училиштето.

Просветните  инспектори  пак, за  утре  најавија дека ќе го чешлаат случајот .Од Државниот просветен инспекторат, не откриваат дали и на кој начин ќе го казнат директорот, кој засега помина само со опомена од министерот за образование.

Од страна на директорот на Државен просветен инспекторат даден е налог за вршење на вонреден инспекциски надзор во ОУ,, Мустафа Кемал Ататурк" во Гостивар. По завршување на надзорот ќе информираме за исходот од истиот.

Организирањето на воените активности во училиштето,  го осуди МОН и  Хелсиншки  од каде побараа децата  да не се користат за политички цели. На ист став е и градоначалникот на Гостивар. По бурните рекации, фотографијата на социјалните мрежи беше експресно остранета. 

За речиси недели, во нападите во Сирија, загинаа над 100 луѓе, меѓу нив турски и курски војници