Бизнис
25. јуни 2017 - 20:26

Од 1 јули Македонците ќе зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Од 1 јули македонците ќе зборуваат поевтино  кога патуваат во Србија, Босна  и Херцеговина и Црна Гора. Стапува на сила третиот бран намалување на цените на роаминг услугите меѓу 4 земји потписнички на спогодбата за  постепено намалување на цените на роаминг услугите. 
 
Минута разговор дојдовен повик наместо 15 ќе чини 11,6 денари,  една смс порака 3,7 денари. , еден мегабајт интернет 12,3 денари.  За разлика од кај нас, земјите членки на Унијата од 15 јуни го укинаа роамингот. Жителите кога патуваат од една до друга земја операторот им тарифира како да се во матичната. Но покрај позитивната страна, Димитријоски вели дека има и негативна, затоа што операторите мора да си ги компензираат трошоците. 
 
-Економските оператори,  нема така лесно да се откажат од приходите коишто ги имале. Но нема така лесно да ги прифатат и дополнителните трошоци коишто им се наметнуваа, а ќе нема сега веќе како да ги компензираат, освен со подигнување на цените. Затоа сега пактетите за корисниците кои ги нудат, се со повиска цена , додава Димитријоски
 
Агенцијата за електронски комуникцаии уште во 2012 та година  поднесе иницијатива до европските регулаторни тела да се овоможи, како  на земја кандидат за членство во Унијата да имаме  исти цени за роаминг, како и земјите членки. Барањето беше одбиено. Но Димитријоски вели дека не се откажува. Иницијатива повторно ќе биде поднесена.