Живот
19. November 2019 - 16:08

Очувот ја киднапирал и ја однел во Мексико, па 19 години ја силувал – му родила 9 деца, но успеала да избега

Жена која очувот ја киднапирал кога имала 12. години, ја одвел во Мексико и ја силувал 19. години раскажала за емисијата на Д-р Оз дополнителни детали за потресната приказна.

Росалин Мекгинс успеала да избега дури после 20 години заробеништво и откако на киднаперот му родила 9 деца. Ѝ помогнал брачен пар кој ја забележал во продавница и сфатил дека нешто не не во ред.

Нејзиниот киднапер, Хенри Пијет, бил уапсен во Мексико во 2017 година, една година после нејзиното бекство. Обвинет за киднапирање, сега го чека обвинение и за силување. Тој ги негирал сите овие обвиненија.

Мекгинис во неколку телевизиски интервјуа раскажала дека Пијет ја киднапирал во 1997 година од училиштето во Оклахома како одмазда за нејзината мајка со која тогаш бил во врска, а која имала во план да го остави, затоа што ја тепал.

Ја одвел во Мексико каде после некое време ја присилил да се омажи за него. Му родила девет деца, а живееле во валкан шатор.

Успеала да избега во 2016 година, со помош на еден брачен пар. Со себе ги земала и своите деца и побарала помош во американската амбасада.

Таа рекла дека кога отишле во амбасадата не им објаснила на своите деца дека бегаат од нивниот татко.

„Не знаеја. Не сакав да им ја кажам вистината додека не избегам од него. Кога дознаа, навистина беа шокирани, особено постарите деца“, рекла таа.

„Секако дека не им кажав. Не сакав да растат знаејќи во какво страшно опкружување живеат“, објаснила таа.