Loading Video...
Фудбал
11. March 2023 - 17:29

Очекувана победа на Силекс против Скопје

Кратовчани брзо се консолидираа по поразот од Брегалница во минатото коло, па денес на домашен терен не дозволи изненадување и со 3-1 го совлада тимот на Скопје.

Силекс тргна офанзивно уште од самиот старт, а тоа резултираше со рано водство, кога во деветатта минута српскиот интернационалец Александар Катаниќ ја затресе противничката мрежа. Иако имаше уште неколку шанси до крајот на полуврето сепак голот на Катаниќ остана единствениот па на паузата заминаа со 1-0.

Гостите од Скопје, во 53-тата минута преку младиот Бујар Хајдари во 53-тата минута се вратија во натпреварот и изедначија на 1-1.

Тренерот на домашната екипа во 61-та минута одлучи да му даде шанса на Марко Ѓоргиевски, што ќе се покаже како одлучувачки фактор.

Младиот напаѓач со два гола, најпрвин во 74-тата а потоа и во 93-тата минута ги постави конечните 3-1.

Силекс со оваа победа дојде до 35 бода, колку што има и Шкендија на четврата позиција, додека пак Скопје остана на 14 во опасната зона за испаѓање.