Македонија
28. November 2020 - 16:52

Обновен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид

Поставена нова плоча со натпис на споменикот посветен на бродската несреќа  откако беше сквернавена од страна на несовесни граѓани.Новиот споменик беше откриен

по повод единаесет годишнината од несреќата во која загинаа 15 бугарски туристи.Инцидентот кој се случува во време на затегнати политички односи со соседна Бугарија наиде на низа рекции и осуди .Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески  побара од граѓаните да се воздржат од вакви вандалски однесувања и да покажат повисока свест.

Ова спомен обележје продолжува да биде симбол на сочувството и почитта за 15-те бугарски туристи кои трагично загинаа во несреќата на бродот „Илинден“, на 5-ти септември 2009 година, напиша на својот фејзбук профил градоначалникот Георгиески.

Бродарите велат дека овој споменик сведочи за немил настан во кој настрадаа невини луѓе кои несмееме да ги поврзуваме со никаква политика.

И охриѓани со осуда за ваквиот чин тие сметаат дека не треба да се меша политиката и дека треба да преовладува човечноста .

Овој вандалски акт најостро го осуди и македонското министерство за надворешни работи.

(Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија.

Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија). наведуваат од Министерството за надворешни работи.

По веста за оштетниот споменик следува и реакција од официјална Софија .

(Ваквиот однос кон сеќавањето на бугарските туристи кои починаа на 5 септември 2009 година е недопустлив.Се надеваме дека овој вандалски чин нема да остане незабележан од властите во Македонија и сторителите на срамниот чин ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата).нагласија од Бугарското МНР.

Од СВР Охрид велат дека се превземаат мерки и активности за расчистување на слу