Свет
29. September 2016 - 9:34

Обама ќе присуствува на погребот на Шимон Перес

Американскиот претседател Барак Обама ќе присуствува со останатите светски лидери на погребот на поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес во Ерусалим, соопшти Белата куќа.

Обама ќе ја предводи американската делегација во Ерусалим на погребот на Перес, се додава во соопштението.

Тој би требало денеска да отпатува за Израел и по церемонијата утре да се врати. 

Меѓу лидерите, кои ќе присуствуваат на погребот ќе биде и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, францускиот претседател Франсоа Оланд, германскот претседател Јоаким Гаук и британскиот принц Чарлс.

Обама оцени дека Перес ја претставувал „самата суштина на Израел и оти никогаш не се откажал од можноста за мир“.

- Мал е бројот на луѓето, со кои го делиме овој свет, кои ја менуваат човечката историја, не само со својата улога во човечките настани, туку и пошироко, влијаат врз нашата морална имагинација и не принудуваат да очекуваме повеќе од себе си. Мојот пријател Шимон беше еден од тие луѓе, истакна Обама.

Поранешниот израелски претседател почина вчера во Тел Авив на 93 годишна возраст. Перес беше во болница по мозочниот удар, кој го претрпе пред две недели.