Македонија
13. јуни 2021 - 16:53

Нуркачите алармираат дека реките го полнат Охридското езеро со отпад

Состојбата со вливот на реките во Охридското езеро е повеќе од алармантна. Черава ,Грашница,Сатеска и Даљан се четирите реки кои најмногу го загадуваат езерото .Нуркачите на дното наоѓаат големи количини на отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња,автомобилски гуми ,облека и што ли уште не .Најкритични според нив се оние места каде живее населението но и каде гравитираат туристите.

Бидејќи цврстиот отпад доаѓа во најразлични форми потребно е сеопфатно решение за справување со овој проблем вели Секулоски.

Нуркачите од Охрид посочуваат дека не смее да се игнорира проблемот со загадувањето на Охридското Езеро .Тие редовно спроведуваат акции за чистење и повикуваат на поголема свест кај граѓаните за потребата од зачувување на животната средина и поодговорен однос кон природата.