Македонија
17. February 2020 - 16:30

НПС обвинува дека дел од вработените во МВР немаат каде да се вратат на работа

Хаос владее во министерството за внатрешни работи, се жалат членовите на независниот полициски синдикат.  89 полицајци по укинувањето на решенијата за распределба на работни места треба да се вратат на старите,  но за 47  неизвесно е каде ќе работат-реагираат од овој синдикат. Главниот проблем според нив бил што дел од работните места се веќе пополнети, па овие вработени нема каде да се вратат.

Делчев  тврди дека со овој проблем се соочуваат многу повеќе полициски службеници, а најкритично е во Скопје, Куманово и Тетово.

Од МВР велат дека во ваква ситуација се наоѓаат само 6 лица, а не 47 како што тврдат од Синдикатот.

Дел од полициските службеници добија решенија за распределба на нови работни места од претходниот министер Спасовски.  Техничкиот Чулев ги прераспредели, за на крај  Спасовски, со одлука на  Влада, да ги врати на старите работни места. Претходниот и актуелниот министер  меѓусебно се обвинуваа за проблемот.