Бизнис
18. February 2020 - 16:31

Новите олеснети правила за работа во Германија се однесуваат само за виза и дозвола, а не за работа

Од наредниот месец стапуваат на сила нови правила за работа во Германија од земји кои не се членки на Унијата. Условите за олеснети, но само за добивање виза и дозвола, а не и за работа. Без познавање германски јазик А2 ниво и без диплома со која ќе се докаже стручноста, никој нема да ве вработи, велат од  Агенциите  за посредување при вработување. Интересот на македонците  да заминат таму по 1 март е оргомен, но тоа не значи дека треба само да се спакуваат куферите и да се купи билет во еден правец.

– Вие мора да имате диплома за завршено образование, активен работен договор од струка која е на белата листа и од работодавач кој реално не може да најде работници од локалното население и од другите европски држави, вели Зоран Кочоски, Агенција за посредување за работа во Германија

Во моментов, Германија има потреба од милион и 700 илјади работници. Приоритет за вработување ќе имаат лицата од европските земји, за нашите ќе се бара стручност и квалификации, односно нострифицирани дипломи и сертификат за познавање јазик. Ќе можат да се вработат само во професиите кои се дефицитарни на пазарот.

- Ќе има сериозни контроли што се однесува за работата на црно. По 1 март, за да не се злоупотребува и правото кое го дава новиот закон, од временскиот период до 6 месеци, со можност на ново населеното лице да биде вработенено. Зато Бундес Агентур и другите служби најавија засилени контроли до фирмите кои најавија потреба од вработување работници  додава Кочоски. 

Минималната плата во моментов изнесува  8,5 евра на час  или 1.250 евра месечно.  Кочоски очекува во првите 3 месеци  околу 10.000 македонци да поднесат  барања за работни визи. Со новиот закон рокот за добивање од 18 месеци ќе се скрати на 14 работни дена. Инаку последниве 2 години околу 25 илјади македонци поднеле барање за работни визи во Германија.