Македонија
28. јуни 2022 - 19:49

Нови тензии на собраниската Комисија каде вчера дојде до сериозен инцидент

Тензично на Комисијата за европски прашања откако вчера се случи инцидент меѓу претседателот Арбер Адеми и пратеници на опозицијата поради измените на законот за работни односи со кои треба да им се продолжи мандатаот на судиите што се пред пензија. Опозицијата смета дека со законски измени во работните односи не може да се менува мандатаот на судиите, но и дека власта сака брзо да го протурка решението со злоупотрена на европско знаменце и без почитување на процедурата за судството да остане партизирано.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаа дека дневниот ред на седницата не усовоен и бараат процедурални забелешки, денешниот претседавач пратеничката на ДУИ Биљали продолжува со расправата која според Деловникот трае само два дена.

Претходно, од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побараа обвинителството да поведе постапка за Адеми кој вчера уништи дел од собраниската опрема и фрлаше шолји и шишиња.

Адеми пак, вели дека жали за инциднтот, но не чувствува одговорност за наслствотото. Вели насилни биле опозиционерите.

И од коалициската СДСМ сметаат дека провокацијата била на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Социјалистичка партија велат дека однесувањето на Адеми е пример за кривично дело.

„Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом. Очекуваме и пратениците од коалицијата на СДСМ и Димитар Ковачевски да излезат од скутот на ДУИ и еднаш барем да се охрабрат и да санкционираат вакво однесување“, коментираат од СПМ.

Од јавнотот обивнителство велат дека ги следат случувањата и ќе поведат постапка доколку утврдат елементи на кривично дело.