Loading Video...
Ракомет
29. October 2020 - 16:02

Нови случаи на Ковид-19 причина за одложување на ракометен дуел

Кога сме кај ракометот и тоа домашниот македонски информацијата за ново одложување на натпревар поради Корона вирус. 
 
Дуелот меѓу пелагониските ривали, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп е одложен поради нови случаи на ракометари позитивни на Ковид-19. 
 
По стандардно спроведените тестирања, позитивни случаи се детектирани во двете екипи, по што е донесена одлука дуелот од 7.коло во суперлигашката Б група да биде одложен. Според објавеното на официјалната веб страна на Ракометната федерација на Македонија новиот термин е 5 ноември. 
 
А, вечерва (19 часот) сепак ќе биде одигран еден натпревар и тоа дуел од истата Б група, во кој екипата на Тиквеш го пречекува Работнички. 
 
За утре и задутре закажани се три средби во А конкуренцијата: 
Петок  
18:30  ОХРИД - АСТРАИОН 19:00  РАДОВИШ - ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
Сабота 
18:30  АСТРАИОН - ГОЛДЕН АРТ КЛ 7