Македонија
28. November 2021 - 16:35

Новата бугарска коалиција ќе бара потпис на нов документ - Патна карта за тргање на ветото

Шефот на дипломатијата оптимист дека за 14 дена може да се најде решение во спорот со Софија. Вели дека Скопје ја очекува позицијата на Бугарија по искажувањето на македонските ставови. Деновиве интензивно се работело на дефинирање на македонскиот одговор на „пет плус еден точките“ и во наредните денови во комуникација треба да се одговори на тие предлози. Тоа, според Османи, ќе биде основа на следната рунда разговори меѓу експертите на двете Министерства за надворешни

-Чекаме средба помеѓу средба помеѓу двете Министерства да се состанат, евентуално тие ставови да ги зближат уште повеќе со можности и да се најде одредено решение. Потоа влегува Еу со предлозите на претседателството коишто веќе ги знаете и со тоа да се комплетира целиот пакет. Доколку се сака, доколку се сфати тежината на моментот 14 дена се сосема доволни врз основа на тоа што сме го сработеле досега да се постигне договор, вели Османи.

Лидерот на опозицијата, пак, вели дека оваа Влада не е кредибилна за да носи решенија и поради тоа потребни се предвремени парламентарни избори што е можно поскоро. Вели дека евентуален договор ќе мора да речениците и главите коишто се дел од Резолуцијата усвоена во бугарскиот парламент, а кои, како што рече, ги негираат македонскиот идентитет, македонската посебност, културно наследство, историја и борбата на македонскиот народ за независна држава. 

-Ако мислат дека оваа некредибилна Влада предводена од Зоран Заев во којашто преговаараат Владо Бучковски и Бујар Османи ќе биде нивниот капитал за да се задржат таму кадешто се, се лажат. Евентуален таков договор ќе биде ништовен бидејќи мнозинството од македонскиот народ таквото нешто нема да го прифати, ниту пак јас, ниту пак тие, рече Мицкоски. 

Вчера четирите политички партии во Бугарија кои преговараат за нова владејачка коалиција, Продолжуваме со промените, БСП, Има таков народ и Демократска Бугарија ја потврдија позицијата на Бугарија и нејзино надградување во конструктивен дух. Очекуваат македонските власти трајно да ги гарантираат правата на граѓаните кои се самоиденфитикуваат како Бугари. Но и дијалогот да продолжи низ работните групи кои ќе се среќаваат еднаш месечно, со цел постигнување на резултати.