Македонија
13. May 2021 - 12:27

Новаци ќе ја развива инфраструктурата

Општина Новаци и оваа година ќе добие средства од Министерството за животна средина по основ на загадувањето од РЕК Битола во износ од над 5,1 милиони денари. Токму комбинатот се наоѓа на нејзина територија. Единствено минатата година тие средства биле пренаменети.

- Минатата година поради пандемија тие средства беа пренаменети во Буџетот, каде што беше формирана централна сметка каде што помагавме сите за побрзо надминување на кризата, меѓутоа оваа година овие средства ги добивме, вели Љубе Кузмановски, градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци овие средства планира да ги искористи за 7 проекти во различни населени места во општината.

-Се работи за изградба на тротоари во Далбеговци, изградба на тротоари во Долно Агларци, изградба на атмосферска канализација во Горно Агларци, изградба на пешачка патека во Старавина, партерно уредување во Живојно, изградба на тротоари во Градешница и изградба на брана во Брод. Ова е наш предлог на Советот на Општина Новаци за што сакаме да ги намениме средствата. Во моментов очекуваме согласност од Министерството за животна средина и доколку е се во ред, ќе потпишиме договор и ќе пристапиме кон реализација“, рече Кузманоски.

Инаку Владата донесе одлука, Министерството за животна средина да распредели 38.744.498 денари, по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива, како наменски дотации на неколку општини од земјава. Меѓу нив, од пелагонискиот регион се Битола, Новаци и Могила кои се во близина на РЕК Битола.