Loading Video...
Ракомет
3. јуни 2021 - 11:21

Нова шампионска титула на ракометарите на Вардар

Вардар не дозволи никако изненадување по последниот меч ракометното првенство, па со убедлива победа над Металург од 39-27, црвено-црните го потврдија првото место на табелата и тоа со ист број на бодови како и Еурофарм Пелистер. 
 
Убедливата победа на Битолчани во последниот меч против Охрид (30-14), остана залуден имајќи во предвид дека во меѓусебните дуели со Вардар тие имаа послаб „скор“ па на крајот тимот на Еурофарм Пелистер мораше да се задоволи со второто место, 
 
За екипата на Вардар ова е вкупно 14-та шампионака титула, а шестта во низа.
 
Дуелот против Металург, најверојатно беше и последен за Стевче Алошовски на тренерското столче на Вардар, а покрај неговата најава за заминување, како дополнителна потврда за промената на тренерското место е и присуството на Веселин Вујовиќ на синоќешниот меч во „Јане Сандански“.