Loading Video...
Спорт плус
27. December 2022 - 18:46

Нова победа на Михаела Шифрин во Светскиот куп

Во Светскиот куп во алпско скијање денеска на програмата беше женскиот  велеслалом што се одржа во австрискиот ски-центар Семеринг. 
 
Михаела Шифрин стигна до својата четврта победа сезонава. 
 
Американката по двете трки оствари најдобро вкупно време (2:07.18 минути) и за 13.стотинки ја остави зад себе големата конкурентка Петра Влхова од Словачка. 
 
За Шифрин ова е вкупно 78-победа во Светскиот куп и е на четири помалку од рекордот на нејзината сонародничка Линдзи Вон која кариерата ја заврши со 82 победи.
 
Шифрин која е на лидерската позиција во севкупниот Генерален поредок, сега има дури 205 бодови повеќе од второ рангираната Италијанка, Софија Гоџа, а 275 бода повеќе од Влахова која е трета. 
 
Сепак Американката е пета во поредокот во велеслалом во кој прво пласирана е Италијанката, Марта Басино која денешната трка ја заврши на третото место.
 
Најдобрите скијачки утре на исто место повторно че се натпреваруваат во велеслалом.