Loading Video...
Свет
4. јуни 2020 - 21:11

Нова обдукција открива дека Флојд имал висок притисок и слабо срце

Нова обдукција врз безживотното тело на афроамериканецот Џорџ Флојд покажала дека тој починал од срцев удар а не од начинот на кој бил апсен. Во извештајот од аутопсијата се наведува дека полицаецот го притискал Флојд со коленото по вратот повеќе од осум минути но тоа не било причина за смртта. Повторената обдукција открила дека афроамериканецот имал висок притисок, срцева слабост ама бил и позитивен на корона но според докторите, вирусот немал улога за згаснатиот живот. Смртта на Флојд која настапила при неговото апсење предизвика масовни протести во соединетите американски држави против полициското насилство и расизмот.