Нов Зеланд ги заострува мерките поради Омикрон, но го отфрла заклучувањето
– Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн денеска изјави дека ќе се зголемат мерките во земјата доколку Омикрон варијантата на коронавирусот се пренесе во заедницата, но го отфрли заклучувањето.
Силните контроли во Нов Зеланд и неговата географска оддалеченост помогнаа Омикрон да не се шири во земјата, иако многу случаи се пријавени во карантин на границата.
„Црвениот аларм ќе биде воведен во рок од 24 до 38 часа откако Омикронот ќе биде раширен“, рече Ардерн на прес-конференција.
Таа истакна дека маските ќе станат задолжителни и ќе се воведат ограничувања за собири.
„Од другите земји знаеме дека потребни се само околу 14 дена за случаите на Омикрон да пораснат од стотици на илјадници. Прашањето е кога ќе се случи ова и затоа мора да бидеме подготвени“, рече Ардерн.
Околу 93 отсто од жителите на Нов Зеланд постари од 12 години се целосно вакцинирани, а околу 20 отсто примиле засилувачка доза.
Границите на Нов Зеланд се затворени за странци од март 2020 година, а планот за постепено отварање е поместен од средината на јануари до крајот на февруари поради варијантата Омикрон.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација