Балкан
18. March 2018 - 12:04

Нов скандал со белгиско расипано месо во Косово

Белгиските медиуми објавуваат дека освен белгиската фирма Вевиба, уште една белгиска фирма, Валомел извезувала расипано месо на Косово.

Новинарската екипа на белгискиот јавен сервис го открила овој случај додека правеле репортажа на Косово.

Станува збор за 20 тони замрзнато телешко месо фатено на албанско-косовката граница во август 2017.

Косовските институции одговорни за безбедност на храната изјавија за белгискиот јавен сервис дека веднаш ги информирале своите белгиски колеги за случајот и не дозволиле месото да стигне до косовските потрошувачи. Овојпат месото било со еден месец поминат рок. Белгиската фирма Валомел тврди дека станува збир за човечка грешка и дека платиле отштета.

Ова е вторит скандал со расипано месо што ја тресе Белгија. Првата фирма, Вевиба испратила месо со поминат рок од 12 години во Косово. Во двата случаи месото е испраќано преку косовоската фирма Еуро Ида, под истрага од страна на косовските власти.