Македонија
4. December 2021 - 16:40

Нов предлог за надминување на спорот со Бугарија преку паралелен приказ на историските гледишта

Македонско – бугарскиот спор да се решава со паралелен приказ на двете историографии. Ова е еден од предлозите на неколку европски интелектуалци, кои во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки бараат одговор за културниот конфликт меѓу двете земји.

Се прибираат искуства и решенија од историски спорови меѓу европските земји, а најголема сличност со спорот Софија – Скопје е унгарско – словачкиот. 

Ваквото решение во последен момент е стопирано од унгарска страна, вели Габор Егри, професор од Будимпешта. И покрај тоа, тој смета дека параленото прикажување на историските наративи во учебниците е правилен пристап.

Она што е македонско – бугарскиот спор го прави уникатен е што историско прашање е подигнато на политичко ниво, каде што всушност и треба да се бара решението, смета унгарскиот професор.

Случајот Македонија создаде исклучително негативна слика за ЕУ и за начинот на кој таа комуницира со регионот. Комуникација, подвлекува професорот, која се одликува со нечесност и лажни ветувања од страна на Унијата.