Loading Video...
Кошарка
30. July 2020 - 15:47

Ноќеска продолжуваат возбудувањата во НБА лигата

 
По четири месечна пауза, вечерва 30 минути по полноќ со дуелот меѓу Јута и Њу Орлеанс ќе продолжат возбудувањата во НБА лигата. 
 
22 екипи веќе подолг период се наоѓаат во карантин во „Дизниленд“ каде ќе се играат сите натпревари без присуство на публика. 
 
Регуларниот дел од сезоната треба вда биде заокружен до 17 август, по што ќе следува плејофот, а финалната серија треба да почне на 30 септември. 
 
Планот е да се одржи стандардниот формат на разигрување по осум екипи од секоја конференција и тоа на четири добиени натпревари. 
 
12 тима веќе обезбедија место во плејофот, по шест од двете конференции, па останатите 10 екипи ќе се борат за четирите слободни места.
 
Покрај актуелниот шампион Торонто, од Источната конференција во плјеофот сигурно ќе играат и: Милвоки, Бостон, Мајами, Индијана и Филаделфија, додека во трка за уште две места се Бруклин, Орландо и Вашингтон.
 
Покрај двата тима од Лос Анџелес, Лејкерси и Клиперси кои вечева од 3 часот ќе го играат големото дерби, пласман во плејофот од Западна конференција, имаат обезбедено и:  Денвер, Јута, Оклахома и Хјустон, додека дури шест тима (Далас, Мемфис, Портланд, Њу Орлеанс, Сакраменто, Сан Антонио и Феникс) ќе се порат за преостанатите две позиции.