Loading Video...
Спорт плус
8. February 2020 - 16:48

Ноел ги израдува Французите со победата во Шамони

 
На задоволство на публиката во францускиот ски-центар Шамони, победник на машкиот слалом од Светскиот куп денеска беше Климен Ноел. 
 
Французинот до својот трет триумф во слалом сезонава, а вкупно шести во кариерата, стигна пред се благодарение на откажувањето на Дание Јуле кој имаше најдобро време на првата трка. Киксот на Швајцарецот го искористија и Тимон Хауган од Норвешка и Адриан Перлт од Австрија па двајцата за прв пат во кариерата се искачија на подиумот. 
 
Покрај Јуле, уште неколкумина од фаворитите не ја завршија трката, меѓунив и лидерот во слалом, но и прво рангиран во Севкупниот поредок Хенрик Кристоферсен, како второ рангираниот Алекс Пинтуро.
 
Така сега разликата меѓу Кристоферсон и Ноел е само 2 поени кога во прашање е трката за малиот кристален глобус во слалом. 
 
Утре на програмата во Шамони ќе се вози паралел-велеслалом