MENI

Археолозите алармираат за лошата грижа за културното наследство

Културното наследство во земјава не се заштитува доволно. Критично е и во Охрид, градот под Унеско, каде за најзначајните локалитети како што се Плаошник и Самоиловата тврдина не се води доволно грижа за нивно одржување.

Добрите познавачи сметаат дека потребно е поголемо внимание и финансиски средства бидејќи се изложени на опасност да претрпат штети кои тешко ќе биде да се поправат.

Согласно барањата на Унеско, потребно е да се направи баланс помеѓу вистинската заштита и нарушувањето во стариот дел од градот.

Pages