Македонија
20. September 2015 - 8:27

Попладне очекувајте дожд и пад на температурите

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе дојде до нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, но кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.