Македонија
4. April 2017 - 11:02

За сообраќајката кај Градско се чуди цел Балкан, еве зошто

Тешка несреќа се случи вчера попладне на патот Велес - Градско, а глетката која остана по оваа сообраќајка е досега невидена.

Во сообрќајката како што синоќа јави Telegraf.mk, учествувале две возила “застава 101“ и БМВ, а до сударот дошло најверојатно кога едно од возилата сакало да го преткне другото.

Foto: telegraf.mk

Тогаш возачот на БМВ-то изгубил контрола над воланот, ја пробил банкината и таа му поминала низ целиот автомобил. Стокецот по ударот се превртел и останал на кров.

Според очевидците, еден од повредените во свесна состојба е префрлен болница, а сериозни повреди имале и останатите патници.

Фото: Телеграф.мк