Свет
10. January 2017 - 14:17

ИОМ: Речиси 140.000 Ирачани ги напуштија домовите во Мосул

Од почетокот на воената операција за протерување на милитантите од групата Исламска држава (ИД) од Мосул, речиси 140.000 Ирачани ги напуштија домовите во овој ирачки град, соопшти денеска Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Според податоците на ИОМ, 23.000 семејства или 139.000 луѓе се раселени од стартот на воената операција, што почна на 17 октомври.

Ирачките безбедносни сили, со поддршка на антиџихадиситичката коалиција предводена од САД, покренаа операција за повторно преземање на контрола над северниот град Мосул од ИД.