Нови закани кон ЦДУ од баварската сестринска партија ЦСУ
Терористичкиот напад во Берлин предизвика нови тензии во „сестринската коалиција“ меѓу Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ) на Хорст Зехофер, која уште предходно се закани дека ќе ја напушти Владата доколку не биде поставена горна граница за прием на нови бегалци во Германија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според ЦСУ, нападот во Берлин е резултат на владината политика на отворени врати за бегалците, додека ЦДУ смета дека случајот треба да се коментира дури откако ќе бидат поднесени обвиненија за сторителите.
Вчера канцеларката Меркел изјави дека за сите ќе биде тешко да прифатат ако сторителот е лице кое во Германија барало и добило азил, а според сите индиции се работи токму за таков профил по кого трага германската полиција.
Лидерот на ЦСУ, баварскиот премиер Хорс Зехофер, вели дека неговата партија ќе се повлече од Владата по изборите закажани за идната година во септември, доколку Берлин не го огранички бројот на за прием на нови бегалци.
И покрај тоа што Германија со помош на договорот со Турција и затворање на „балканската рута“ успеа драстично да го намали бројот на нови бегалци, Баварија која е прва на удар на бегалската криза инсистира на прием на најмногу 200 илјади мигранти во текот на една година.
Евентуално излегување на ЦСУ од владината коалиција може значително да го смени односот на силите во германската политика, особено ако продолжи трендот на намалување на популарноста на владејачките ЦДУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и растот на рејтингот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД).
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров