Македонија
7. December 2016 - 13:57

Муштерија спречи грабеж во Свети Николе, го собори крадецот

Вчера околу 20.30 часот непознат сторител извршил тешка кражба во обид на дрзок начин во колонијална продавница на ул. ,,Пиринска“ во Свети Николе.
 
Имено, маскираниот сторител влегол во продавницата и се обидел да отворил една од касите каде немало продавачка. Притоа, сторителот бил забележан од вработена, а бил соборен на земја од страна друго лице, кое во тој момент влегло во продавницата.
 
После тоа сторителот ги фрлил парите кои ги зел од касата и побегнал во непознат правец.
 
Увид бил извршен.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на
 
случајот.

Ново на Сител