Нови 50 волонтери од САД пристигнуваат во Македонија
Нова група од 50 волонтери од САД пристигнува в недела во Македонија. Како што соопштуваат од Мировниот корпус, ова е најголема група досега која ќе се приклучи на 600 американски државјани кои од 1996 година досега биле во Македонија како волонтери во Мировниот корпус.
Волонтерите на аеродромот во Скопје ќе ги пречека директорот на Мировниот корпус во Македонија Марк Ханафин и вработените во Мировен корпус.
Новите волонтери се на возраст меѓу 22 и 64 години. За време на нивниот престој во Македонија ќе работат како наставници по англиски јазик, дефектолози, како и во областа на развојот на заедниците, во партнерство со основни и средни училишта, владини институции и општини и невладини организации.
Мировниот корпус е присутен во Македонија на покана на Владата на Република Македонија и работи во соработка со Министерството за образование, Министерството за локална самоуправа и Министерството за труд.
Новата група волонтери е дваесет и прва група волонтери кои ќе живеат и ќе работат во Македонија. Откако ќе ги поминат првите 11 недели во обука, којашто ќе вклучува изучување на македонскиот и/или на албанскиот јазик и култура, ќе почнат со работа во повеќе градови и села во Македонија.
Мировниот корпус е основан во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди. Целта е да се обезбедат волонтери кои ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства, да помогне луѓето од земјата домаќин да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка и да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите низ светот. Преку своите активности, волонтерите на Мировниот корпус промовираат мир во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите