Свет
14. August 2016 - 9:13

Берлин на нозе, демонстрации за легализација на марихуаната

Повеќе од четири илјади луѓе маршираа вчера по улиците на Берлин, барајќи легализација на марихуаната.

Под мотото „Легализацијата е во воздухот“ учесниците во демонстрациите се собраа пред главната железничка станица во Берлин, а маршот заврши пред Градското собрание.

Тие бараат од Владата да одобри употреба на марихуана во медицински цели и кривично да не се гонат нејзините корисници.

Користењето марихуана во Германија не е дозволено, иако полицијата толерира поседување помали количини.