Командантот на Хезболах, Бадредин убиен во експлозија во близина на аеродромот во Дамаск
Воениот командант на Хезболах Мустафа Бадредин е убиен во голема експлозија во близина на аеродромот во Дамаск, соопшти изутрината либанската шиитска групација.
- Информациите од првичната истрага покажуваат дека голема експлозија одекнала на една од нашите позиции во близина на меѓународниот аеродром на Дамаск. Во неа беа убиен нашиот брат, командантот Мустафа Бадредин, а други лица се ранети, се вели во соопштението на Хезболах, пренесува БТА.
Шиитската групација додава дека работи на тоа да ги утврди причините за експлозијата и дали таа е резултат на воздушен, ракетен или артилериски напад.
ДПА претходно јави дека 55-годишниот Бадредин е убиен во вторникот вечерта. Либанската телевбизија Ал Мајадин, пак, соопшти дека тој е убиен во воздушен напад во Сирија, но засега нема потврда од Израел.
Бадредин учествуваше во воените операции на Хезболах од 1982 година е и еден од петмината обвинените од Специјалниот трибунал на ОН за Либан за убиствтото на 2005 година на поранешниот либански премиер Рафик Харири, но не беше изведен пред суд.
Ново на Сител
-
СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
-
Сиљановска Давкова на прием кај Бајден
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник