Без дронови и скандали, Албанија сериозно се подготвува за дуел со Србија
Албанија сериозно се подготвува за реванш натпревар на албанската и српската фудбалска репрезентација во рамиките на квалификациите за Европското првенство во 2016 година, јави дописникот на МИА.
Иако натпреварот, кој се оценува како меч од висок ризик, е закажан за 8 октомври, албанскиот премиер Еди Рама уште од сега побарал од раководителите на државните институции чија надлежност е безбедноста на земјата, да ги превземат сите потребни мерки за гарантирање на сигурноста на дуелот.
Рама одржал средба со шефот на албанската тајна служба ШИШ, Вишо Ајази Лика, министерката за одбрана Мими Кодели, првиот полицаец Саимир Тахири и со претседателот на Албанската фудбалска федерација, Армандо Дука.
На средбата станало збор за безбедносните мерки кои треба да се превземат пред, за и по фудбалскиот натпреар Албанија-Србија. Една од темите бил и предлогот продажбата на билетите да биде со лична карта.
Натпреварот ќе се игра на новиот голем стадион „Елбасан Арена“ во Елбасан.
Инаку, српскиот премиер Александар Вучиќ во интервју за германскиот дневен весник „Зидојче Цајтунг“ најави дека ќе присуствува на овој натпревар.
На првиот натпревар меѓу двете репрезентации одржан во Белград, беше предизвикан инцидент откако на стадионот беше пуштен дрон со знамето на Голема Албанија.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната