Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
Парламентот даде зелено светло за пакет закони дел од реформската агенда. Без особена дебата пратениците ги изгласаа законите за судска и јавнообвинителска служба, за високи јаководители, законот за користење обновливи извори на енергија, Закон за зоотехника. Донесен беше и законот за оружје, единствениот за кој поддршка даде и СДСМ.
Опозицијата реагира дека наместо вистински реформи и менување на законските решенија се брза само да се заврши со обврските во рокот.
СДСМ со исти обвинувања и за законот за јавнообвинителската служба... На 30 јуни повторно ќе бидеме земја која што направила и донела најмногу реформи, вратија од мнозинството.
Реформата не започнува со затворање на училишта и кратење н работни места, регираат опозиционерите за законот за основно и средно образование.
Се чека договор во работната група и за Изборниот законик од кој зависи дали ќе се исполнат обврските кои Македонија требаше да ги заврши во грејс периодот до 30 јуни кој Брисел го даде за исполнување на реформската агенда.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
