Македонија
2. December 2025 - 12:27
Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
Се санираат последните штети од поплавите кои го зафатија преспанскиот регион.Градоначалникот на Ресен Тозиевски најави дека започната е дезинфекција за да се отстранат потенцијалните проблеми а советот на општината треба да формира комисија за проценка на штетите.
Дополнителен проблем во однос на полавите се дел од речните корита пренатрупани со ѓубре.
Најмногу штети има во преспанските села Царев Двор и Дрмени каде беа поплавени куќи ,дворови ,магацински простории и земјоделски култури.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
