Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
Повеќе глувци шетаат на таванот од тоалетот во студентскиот дом “Пелагонија”. Ова може да се забележи и на видеото испратено до online групата studentarija.mk која алармира за проблемите на студентите.
Според лицата кои ги испратиле снимките, за присуството на повеќе глодарите во домот пријавиле и кај службите, но наместо решение, како што тврдат добиле одговор: Од глувци ли се плашите? А по повторно поднесените жалби им бил даден отров сами да го постават во просториите каде се движат глувците.
Директорот на студенсткиот вели дека проблемот бил решен, а глувците се наездиле поради губрето кое не се собираше од и околу контејнерите.
-Знаете дека имаше проблем со сметот и поради тоа се појавија и глувци. Направена е дезинсекција и дератизација и мислам дека сега проблемот е надминат, изјави Орхан Алиу, директор на студентскиот дом “Пелагонија”.
Покрај за глувците во Пелагонбија, студентите најмногу реагираат за лоши услови и храна во Домот “Браќа Миладиновци” во Штип.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
