Loading Video...
Свет
13. November 2025 - 19:50

Преглед на вестите од светот

Заврши најдолгата блокада на владата во историјата на САД, која траеше 43 дена. Претседателот Доналд Трамп го потпиша законот за финансирање на државните инситуции, претходно усвоен во Конгресот.

Ова значи дека стотици илјади  федерални работници ќе ги добијат платите, ќе се обнови  помошта за храна за Американците со ниски приходи, нормализација на авиосообракајот, како и  вракање ка   федералните работници  кои  рРамп ги отпушти за време на блокадата. Нормалното функционирање на владата го кочеа демократите. Американскиот народ не треба да го заборави тоа  истакна шефот на Белата кука.

-Ова ја чинеше земјата 1,5 трилиони долари, оваа мала екскурзија на која нè одведоа. Републиканците никогаш не сакаа затворање и гласаа 15 пати за чисто продолжување на финансирањето. Затоа, само сакам да им кажам на американскиот народ, не треба да го забораваат ова кога ќе дојдеме до среднорочни избори и други работи, не заборавајте што ѝ направија на нашата земја, изјави Доналд ТРамп, претседател на САД.

 Но Потпишаниот закон обезбедува финансирање за федералните агенции само до 30 јанаури  2026 година што значи дека републиканците и демократите во  Конгресот ќе мора да соочат со темата долгорочно финансирање на владата на почетокот на следната година.

Украина   ја потресува најголемиот корупциски скандал во мандатот на Зеленски. Антикорупциските органи спроведуваат  истрага за перење пари во државната нуклеарна компанија Енергоатом во висина од 100 милиони долари, вмешани се сегашни и поранешни високи функционери. Разрешен е министерот за првада, министерката за енергетика си поднесе оставка. Истрагата го вклучува и поранешниот деловен партнер на Зеленски,  ,Тимур Миндич, кој според украинските медиуми ја напуштил Украина.

-Јас ја поддржувам секоја истрага од страна на органите за спорведување на законот, од страна на антикорупциските тела.Кабинетот на министри на Украина ќе обезбеди целосна поддршка на истрагата и на сите процедурални и правни дејствија, изјави  Володимир Зеленски, претседател на Укриана.

Украина долго време има сериозни проблеми со корупцијата, а борбата против неа е клучен услов за нејзините напори за приклучување кон Европската Унија.